Трансфер од соништата: „Фараонот“ Зеин ќе игра за Барселона

Египетскиот ракометен репрезентативец Али Зеин е на прагот да обезбеди трансфер од соништата, затоа што медумите од земјата на фароните велат дека тој е пред потпис со екипата на Барселона.

30-годишниот лев бек игра во египетскиот шампионат, го носи дресот на Шарјах, меѓутоа, ќе се пресели во Шпанија и ќе заигра за еден од најтрофејните клубови во светот на ракометот. Овој трансфер ќе се реализира наскоро, а Зеин ќе потпише договор со Барселона на една година, со можност за продолжување на уште една.

Али Зеин Мохамед игра и за репрезентацијата на Египет, за која има повеќе од 240 настапи.