• Мартин Танасковски

Екипата на Вардар 1961 од следната сезона ќе биде посилна за уште еден играч во бековската линија. Како што дознава Gol.mk, нов играч на црвено-црните ќе биде Мохаб Абделхак кој доаѓа од германската Бундеслига.
Се работи за десен бек кој настапуваше за екипата на Кил. Абделхак има 23 години, а во оваа сезона за француски Ним и за Кил има 26 натпревари на кои постигна вкупно 32 гола. Првиот дел од сезоната го мина во Франција, вториот во Германија.
Покрај за Кил за кого настапуваше во последните месеци и за француски Ним чиј член беше од 2023 година, Абделхак настапуваше и за екипата на Ал-Ахли во египетскиот шампионат. Египјанецот ќе пристигне во Вардар 1961 за следната сезона.
Се очекува Абделхак да биде големо засилување за тимот кој се подготвува за настапите во Европа.
