Трансфер „бомба“ во Битола, Мандалиниќ потпиша за Еурофарм Пелистер!

Еурофарм Пелистер нема намера да сопре и го продолжува својот ѕвезден преоден рок. По неколкудневни преговори, вечерва падна согласност за уште еден голем трансфер, веројатно најголемиот, најскапиот и највредниот во поновата клупска историја на култниот клуб од под Пелистер. Битолскиот суперлигаш постигна согласност со некогашниот најдобар светски младинец, Стипе Мандалиниќ!

Хрватскиот лев бек ќе биде замена за Владислав Остроушко, кој го напушти клубот по одличната сезона во која беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите. Стипе Мандалиниќ е втор ракометар кој директно од Бундеслигата доаѓа во Битола и ќе ја комплетира хрватската колонија која ја сочинуваат Мараш, Кушан и тренерот Бабиќ.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

СТИПЕ МАНДАЛИНИЧ - НОВ ИГРАЧ НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР!

A post shared by RK Eurofarm Pelister (@rkeurofarmpelister) on

27-годишниот лев бек пред неколку дена го раскина договорот со Фуксе Берлин и се обврза на двегодишен договор со Еурофарм Пелистер. Двете страни ги утврдија деталите, а Мандалиниќ го одбра Еурофарм Пелистер пред Мешков Брест, ППД Загреб и Вардар, клубови кои исто така испратија понуда за негов ангажман.

Хрватскиот репрезентативец играше за Фуксе Берлин од 2017 до 2020 година, а претходно ги носеше дресовите на Загреб, Карловац и Сплит. Мандалиниќ самостојно тренира во Загреб и спремен ќе ја дочека прозивката на Бабиќ на 27 јуни во Битола.