Трајкоски: Ангажманот во Еурофарм е мојата најголема награда за напорната работа! 

Екипата на Еурофарм Работник е пред последниот предизвик на европска сцена и утре го игра натпреварот со Татабања на гости, во рамки од 6. коло на ЕХФ Купот. 

Еден од поискусните ракометари на битолскиот клуб, Благојче Трајкоски, во пресрет на овој меч тврди дека тимот поседува квалитет да се надигрува со фаворитот и на терен ќе истрча да докаже дека поразот во „Боро Чурлевски“ беше само лош ден. 

„Еурофарм Работник оди по зацртани цели уште од стартот на сезоната и полека, но сигурно истите се остваруваат. Успеавме да се избориме за групна фаза на ЕХФ Купот, а сега нè чека уште еден натпревар, на гости кај тимот на Татабања, тим против кој одигравме многу лош дуел пред нашата публика. Сега, одиме да уживаме во последниот европски натпревар и ќе го дадеме максимумот за да докажеме дека дуелот во Битола беше само лош ден“, вели поранешниот репрезентативен голман. 

Трајкоски во својата кариера настапувал за повеќе македонски клубови, а оваа лето се пресели во Еурофарм Работник. Како што вели тој, потпишувањето во овој клуб е неговата најголема награда за напорната работа.

„Сум играл за повеќе македонски клубови, но Еурофарм е нешто посебно и ангажирањето во овој клуб е најголемата награда за мојата досегашна работа. Овој клуб е едно големо семејство кое знае што сака и има зацртани цели. Примарна цел на сите ни е да стигнеме до тоа второ место. Во регуларниот дел од сезоната одигравме добро, но плеј-офот е нешто сосема друго. Со промената на тренерската позиција се променија многу работи како во начинот на тренинзите, така и во пристапот на сите играчи. Имаме квалитетен тим, покриен на сите позиции, но останува тоа да го докажеме на терен и да го грабнеме тоа второ место“, заврши Трајковски. 

Во првиот натпревар во Битола, Татабања извојува сигурна победа од 21-31, а утрешниот меч, кој се игра во Ѓер, е закажан за 15:00 часот. 
 

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2