• Мартин Танасковски
Мила Трајковиќ успеа да крене трофеј пред својата домашна публика, затоа што кумановчанката со ЖРК Куманово во Куп-финалето го победи ЖРК Вардар (24-22) и по натпреварот не ги криеше импресиите од постигнатото.
„Многу беше тешко да се дојде до титулата, одигравме едно вистинско финале. Презадоволна сум од мојата екипа, игравме добро во клучните моменти од мечот и си ја остваривме целта. Дополнително ме радува и МВП-наградата, за во иднина да бидам уште подобра на теренот. Ја кренавме титулата на домашен терен, секогаш е убаво кога ќе се победи дома. Веќе гледаме кон наредната сезона, во која сакаме да бидеме уште подобри, а ако ни се укаже шанса, зошто да не изненадиме и во првенството“, изјави Трајковиќ.
Трајковиќ во финалето од Купот на Македонија е прогласена за МВП. ЖРК Куманово веќе има осигурано излез во еврокуповите, преку домашниот шампионат, каде речиси сигурно ќе биде вицепрвак.