• Мартин Танасковски
Германија во луд натпревар ја победи Франција. Се играа две продолженија да слават „панцирите“, а финишот на регуларниот дел го одбележа глупоста на Дика Мем по која Германија се спаси од пораз.
Еден од најдобрите светски ракометари направи глупост на теренот и им ја подари топката на Германците. Следеше брза реакција и гол за 29-29 кој мечот го однесе во продолженија.
Во додатните минути исто така имаше вистинска драма, судиите ја користеа доста и видео-технологијата, а победата на крајот ја однесоа Германците.