• Горан Упале

Време е за ново дерби на „вечните“ ривали, а како по обичај битолчани му посакаа топло добре дојде на вардаровата легенда – Стојанче Стоилов.
Имено, откако пред две сезони, кога дербито се играше на први мај, Стоилов доби колбаси на подарок, а потоа и „Линекс“, вечерва битолчани беа уште покреативни и му подарија маица на која пишува „Скопски бонтон“.
<<< ПОВРЗАНО ФОТО: Столе честеше пиво во Скопје, па доби првомајски колбаси во Битола
Столе како и секогаш со насмевка го прифати подарокот од битолчани.
Групата фанови на Пелистер исто така носеа специјални маички, ама на нив пишуваше „Битолски бонтон“.
