Традицијата не е на нивна страна: Вардарци бркаат прва историска победа во Киелце!

Ракометарите на Вардар продолжуваат со густиот распоред во овој период од сезоната, откако по победата над Мотор Запорожје во СЕХА лигата, денес ги чека нов тежок дуел против Киелце во Лигата на шампионите. 

Европскиот првак уште од стартот на сезоната мака мачи со повредени играчи, а така ќе биде и на ова гостување кај полскиот шампион. Поради повреда во Скопје остана Кристопанс, а под голем знак прашалник е и настапот на Дисингер, а тоа ќе значи дека Кокшаров ќе мора повторно да прави ротации во својот тим за да не се почувствува отсуството на првите бекови. 

Со таков проблем се соочуваше и на мечот во Скопје пред една седмица, но тогаш неговите избраници изгинаа на теренот и стигнаа до голем бод. 

Вардарци на овој дуел ќе се борат и против традицијата, затоа што сè уште не почувствувале како е да се победи во Полска, односно Киелце никогаш не паднал пред својата публика на еден меч со „црвено-црните“. 

Досега, двете екипи во Полска се сретнале четири пати, а на сите натпревари Киелце славеше победа. Последната беше извојувана пред една година, кога триумфираше со 31-27.

Денешниот натпревар е закажан за 18:00 часот.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4