Тото се враќа во тимот, но Вардар без Ристовски и Моралес против ПИК Сегед

Ракометарите на Вардар 1961 ги очекува натпревар од осмото коло во Лигата на шампионите, вечерва во СЦ „Јане Сандански“ гостува ПИК Сегед. Практично во реванш од минатонеделната средба во Унгарија, „црвено-црните“ сакаат крај на црната серија во елитното друштво. 

На неколку часа пред натпреварот, познати се и составите за натпреварот. Хуан Карлос Пастор се реши за истите шеснаесет играчи од мечот во Сегедин, додека Вујовиќ направи неколку промени.

Во составот на Вардар се вклучени Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов, Анте Кудуз кои беа под знак прашалник, а се враќа и Жереми Тото. Од комбинација отпаднаа Борко Ристовски и Марко Мишевски, како и помладите Стефан Атанасовски и Мартин Карапалевски. Додадени во ростерот се уште Васил Гогов и Давид Савревски. 

ПИК Сегед пак важи за фаворит во пресрет на натпреварот, но вардарци дома се секогаш незгоден ривал и со сигурност ќе дадат сè од себе.