Тоше Ончев по една година се раздели со Тримо Требње

Македонскиот ракометар Тоше Ончев во новата сезона ќе игра за нов клуб, затоа што си замина од Тримо Требње.

25-годишниот бек кој може да игра на левата и на средната позиција имаше едногодишен договор со словенечкиот тим и откако го одработи на најдобар можен начин, се раздели со екипата.

Ончев имаше одлични партии во Словенија, во повеќе наврати беше меѓу најдобрите стрелци на натпреварите, за што добиваше и место во тимовите на колата. Македонецот во Тримо дојде од РК Работнички.

Велешанецот во странство играше и за грчки Керкира, како и за француските Сент-Марсел Вернон и Вернуе, додека на домашната сцена покрај за Работнички настапи и за Вардар Јуниор и Пелистер.