ВИДЕО: ТОП 30 моменти од минатата ЛШ - Не се може без Лазаров, Вардар, Штербик...

Пред стартот на новата сезона, Европската ракометна федерација ги одбра најдобрите 30 моменти од минатата сезона во најквалитетното клупско натпреварување, Лигата на шампионите. 

Меѓу нив имаше место за македонскиот ас Кире Лазаров, кој на последниот завршен турнир во Келн како член на Нант стана прв стрелец во историјата на завршните турнири во Лигата на шампионите.

Во изборот на прекрасни погодоци и одбрани има место и за двајца поранешни ракометари на Вардар. Хорхе Македа се најде во изборот со голот за победа на гостувањето кај Кил во последните секунди, додека Арпад Штербик има одбрана со која спречи пораз на Вардар кај Рајн Некар Левен.

Погледнете ги 30 најдобри потези во Лигата на шампионите за минатата сезона: