Тони Џерона го продолжи договорот со француски Шартр

Членот од елитниот ранг на францускиот клупски ракомет, Шартр го продолжи договорот со тренерот Тони Џерона. Шпанскиот стручњак, кој ја извршува и функцијата селектор на машката репрезентација на Србија, се согласи да соработува со клубот од Франција до 2023 година.

Претходната сезона Џерона ја заврши на десеттото место со Шартр, а постигна голем успех со пласман во полуфиналето на националниот Куп. чие финале не беше одиграно поради пандемија на коронавирус. Ова се резултати кои ги импресионираат навивачите и управата на клубот, па соработката со 47-годишниот тренер е продолжена.

Џерона започна феноменално и како селектор на репрезентацијата на Србија во квалификациите за следното Европско првенство во Унгарија и Словачка. „Орлите“ остварија победа и реми во дуелите со Французите, а потоа рутински ја совладаа Грција на домашен терен во Зрењанин.