Тонесен заминува од Веспрем и го засилува лутиот ривал

Норвешкиот ракометар Кент Робин Тонесен од наредната сезона ќе биде дел од екипата на ПИК Сегед.

29-годишникот ќе си замине од Веспрем, но ќе остане во унгарското првенство и во наредните две сезони.

Десниот бек е соиграч на Дејан Манасков од 2017 година, кога првпат пристигна во Унгарија. Претходно беше дел од екипи како Савехоф, Вецлар и Фуксе Берлин.

Повредата на Лука Степанчиќ го натера клубот од Сегедин да го преземе овој чекор и да обезбеди трансфер на Норвежанецот.