• Зоран Мишевски
Норвешкиот репрезентативец Кент Робин Тонесен ќе го напушти Флензбург по завршувањето на актуелната сезона. Германскиот клуб официјално потврди дека соработката со искусниот 35-годишен десен бек ќе прекине во летото 2027 година, по комплетирање на неговите две сезони во тимот.
Разделбата доаѓа како резултат на реструктуирањето на ростерот на Флензбург на неговата позиција. Виго Кристијансон и Франциско Кошта потпишаа за гигантот од северот на Германија на позицијата десен бек за следната сезона.
Тонесен пристигна во Флензбург во 2025 година од францускиот ПСЖ, а претходно настапуваше за европски гиганти како Веспрем, ПИК Сегед и Фуксе Берлин. Тој е долгогодишен член на норвешката репрезентација со зад себе над 148 настапи и освоен сребрен медал од Светското првенство во 2017 година.




