Тонесен се повреди на тренинг, Норвешка без клучен ракометар на Мундијалот

Соиграчот на Дејан Манасков во Веспрем, Кент Робин Тонесен нема да настапи за норвешката репрезентација на Светското првенство кое в среда почнува во Германија и Данска. 

Тонесен заработил фрактура на раката на тренинг и веднаш беше констатирано дека нема да може да заздрави ниту за завршницата на турнирот. 

Селекторот Кристијан Берге веќе го повика Харалд Рајнкинд од Кил, кој беше во групата на резерви. Светскиот вицешампион Норвешка е дел од групата Ц, заедно со Данска, Тунис, Саудиска Арабија, Австрија и Чиле.