Томовски запиша нови 12 одбрани во најсилната лига на светот

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше одличен настап во германската Бундеслига во дресот на неговиот клуб Потсдам, но не успеа да се израдува на победа.

Потсдам во драматичен финиш загуби од Ерланген (23-26), а тимот во игра за победа до крајот го држеше Мартин Томовски. Чуварот на мрежата одигра нов меч со двоцифрен учинок, заврши со 12 одбрани на голот.

Бундеслигашот е на последното место и тешко дека ќе се спаси, затоа што на контото има само една победа над Штутгарт.