Томовски: Вардар „изгина“ на овој меч, без тимот немаше да имам 13 одбрани

Мартин Томовски беше еден од главните „виновници“ за втората победа на Вардар 1961 против Еурофарм Пелистер (30-25), прва во македонската ракометна Суперлига. По натпреварот, македонскиот репрезентативец го апострофира тимот како клуч за успехот.

„Честитки до Еурофарм Пелистер за играта, но голема благодарност и до нашиот тим затоа што сите изгинаа. Посебно во одбраната, каде играа доста силно, а сталожено и мирно во нападот. Без помошта на тимот, немаше и јас да ги имам тие одбрани.

Нам ни останува македонското првенство оваа сезона, ќе дадеме сè од себе, немаме многу притисок. Одиме сталожено, мирно, ќе чекориме кон титулата. Оваа победа е плод на тимската работа и на подготовката“, изјави Томовски.

Чуварот на мрежата на Вардар дуелот со Еурофарм Пелистер го заврши со 13 одбрани. Вардарци ја впишаа втората победа во лигата, по онаа против Бутел Скопје во првата рунда.