• Иван Димовски
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски се врати во Бундеслигата и го имаше првиот официјален настап за Потсдам во германското првенство. Потсдам дома минимално загуби од екипата на Битигхајм со 26-28 (11-12).
Мечот од првото коло беше израмнет во целост, а Битигхајм имаше повеќе концентрација во клучните моменти, па дојде до победата.
Мартин Томовски имаше солидна минутажа и натпреварот на кам-бекот во Германија го заврши со седум интервенции. Во второто коло Потсдам ќе се судри со Мелсунген.