Томовски собра шест одбрани, Лудвигсхафен поразен во Берлин

Томовски

Екипата на Лудвигсхафен им се врати на поразите во Бундеслигата и денес загуби на гостувањето кај Фуксе Берлин (28-21) во натпревар од 25. коло.

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски одигра поголем дел од мечот. 23-годишникот го заврши својот настап со шест интервенции.

Гостите му зададоа проблеми на фаворитот во првиот дел. Изненадувачки со солидно издание изборија минимална предност (12-13) во пресрет на вторите 30 минути.

Фуксе заигра на очекуваното ниво и многу брзо го одлучи прашањето на победникот. Одбраната покажа поголема концентрација во продолжението, што беше проблем за ракометарите на Лудвигсхафен.

Андерсон со седум гола беше најефикасен кај домаќинот, а Вагнер со пет погодоци се истакна кај гостинската екипа.