Томовски со пет одбрани против европскиот ривал на Вардар

Екипата на Потсдам и во второто коло не успеа да слави во Бундеслигата, откако загуби во мечот со Мелсунген (31-23) тим предводен од Роберто Гарсија Парондо, поранешниот стратег на Вардар.

Бундеслигашот е и европски ривал на Вардар оваа сезона, во рамки на Европската лига на ЕХФ. Фаворитот си ја оправда улогата на теренот и славеше убедливо благодарение на добрата партија во првиот дел (18-13).

Мартин Томовски беше на голот и фати пет топки, заврши со 20% ефикасност. Ендерлајд и Кастенинг беа најдобри кај Мелсунген со по пет гола, додека кај Потстам, Симиќ погоди шест пати.

Во следната рунда од Бундеслигата, Потстам и Томовски ќе играат дома со Хамбург.