• Мартин Танасковски
Македонскиот голман Мартин Томовски имаше блескав настап за неговиот Потсдам и очекувано доби признание.
27-годишниот чувар на мрежата имаше 18 одбрани на натпреварот против Магдебург и заврши со 43% успешни интервенции. Една од одбраните беше парада и тоа свртен со грбот кон играчот, која Германците ја оценија како најдобра на сезоната.
Со одличната партија, Томовски доби место да биде најдобар голман на колото. Потстам, сепак, не победи и покрај неговиот блесок и останува на последното место во Бундеслигата без победа.