• Мартин Танасковски
Македонскиот голман Мартин Томовски имаше свое шоу меѓу стативите во победата на Потсдам над Вецлар (32-28), која за неговиот тим кој се бори за опстанок, но шансите да се спаси се мали, е втора оваа сезона во Бундеслигата.
Томовски блескаше на голот, првиот дел го заврши со девет одбрани, а благодарение на нив Потсдам беше во егал со Вецлар (15-14). Во вториот дел добрата серија продолжи, а неговиот тим со шест гола во серија се одлепи на 21-15 и си го трасираше патот до победата.
Мартин Томовски мечот го заврши со 16 одбрани на голот на Потсдам и ефикасност од 38% во одбраните. Најдобар стрелец кај Потсдам беше Елиас Кофлер со седум одбрани, додека кај Вецлар, Доминик Мапес погоди шест пати.
Потсдам сега има четири бода, а до крајот на Бундеслигата има уште девет натпревари. Во следното коло тимот гостува кај Гумерсбах.