Томовски скромен во високиот пораз на Потсдам од Фуксе Берлин

Екипата на Потсдам, каде настапува нашиот репрезентативен голман, Мартин Томовски, забележа убедлив пораз од гигантот Фуксе Берлин (36-19) во осумнаесеттото коло на германската Бундеслига

Македонскиот чувар на мрежата запиша само две интервенции и не можеше да спречи пораз за неговиот тим, кој нема ниту една победа во шеснаесет одиграни мечеви сезонава. 

Ситуацијата е сосема поинаква кај Фуксе Берлин, кој е второпласиран со 28 бода, четири помалку од лидерот Мелсунген. Најдобри поединци во победата над Потсдам беа светските шампиони со селекцијата на Данска, Матијас Гидсел и Ласе Андерсон, кои постигнаа по седум гола.