Томовски скромен во минималниот пораз на Потсдам

Ракометарите на Потсдам го забележаа третиот пораз во Бундеслигата, од Хамбург со 30-31  во третото коло. 

Пружи ланскиот второлигаш добар отпор, иако на одморот заостануваше. Во продолжението Потсдам имаше свои моменти, меѓутоа на крајот сепак претрпе пораз.

Следното коло за Потсдам е шанса за прва победа во Бундеслигата бидејќи играат со Ерланген.

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше скромен учинок. 27-годишникот го заврши мечот со три интервенции, меѓутоа ниту неговите колеги немаа свој ден.