Томовски: Скок беше одличен, Спортинг ги казни сите наши грешки

Збор на прес-конференцијата по мечот на Металург и Спортинг Лисабон кој заврши со триумф на гостите имаше голманот Мартин Томовски. Македонскиот репрезентативец запиша 15 одбрани, меѓутоа не успеа да ја круниса својата добра партија со триумф.

„Противникот одигра на едно високо ниво. Ние отворивме одлично, имавме и предност во првото полувреме, но во вториот дел кога беше најпотребно промашувавме отворени зицери. Исто така, одличен ден имаше и противничкиот голман Скок. Спортинг ги искористи нашите слабости во клучните моменти и го приведоа мечот кон своја корист. Разликата можеби е висока, но резултатот не ги отсликува настаните на теренот и нашата игра“, изјави Томовски.

Металург оваа сезона двапати загуби од Спортинг. Покрај поразот во Скопје, мечот во Португалија заврши со победа на фаворитот од 34-26.

Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 СилкеборгСилкеборг 10 8 0 2 323:273 50 16
2 СпортингСпортинг 10 7 0 3 304:277 27 14
3 Татран ПрешовТатран Прешов 10 7 0 3 278:268 10 14
4 Чеховски МедведиЧеховски Медведи 1 10 4 0 6 280:279 1 8
5 БешикташБешикташ 1 10 3 0 7 255:289 -34 6
6 МеталургМеталург 10 1 0 9 246:300 -54 2