Томовски прескромен, Потсдам загуби од Гумерсбах

Мартин Томовски и неговиот Потсдам доживеаја нов пораз во германската Бундеслига. Тимот како гостин не успеа до резултат кај Гумерсбах (27-31).

Домаќинот како фаворит водеше цела средба, а Потсдам на крајот се избори за пристоен пораз од четири гола. Најдобар кај победникот беше Миро Шхлуроф со шест гола, кај Потсдам се истакна Елиас Кофлер со девет гола.

Томовски кај голманите имаше две одбрани, а неговиот колега Марк Ферјан фати десет топки. Кај Гумерсбах, Бертрам Облинг фати десет топки, Доминик Кузмановиќ заврши со две одбрани.