• Горан Упале
Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски, продолжува со одличните настапи во дресот на Битигхајм во германската втора Бундеслига. Неговиот тим на гостински терен кај Дормагем славеше со 34-36, а токму Томовски имаше клучна улога во завршницата кога се кршеше резултатот.
Натпреварот го заврши со вкупно десет одбрани, при што најзначајни беа двата одбранети зицери при израмнет резултат 33-33.
По одиграни 27 кола, Битигхајм се наоѓа на врвот на табелата со 45 освоени бодови, додека веднаш зад него е Белинген со 44 бода.
