Томовски: Одбраната и анализата ми помогнаа, но невниманието нè чинеше пораз

Пласманот во главната групна фаза на Европското првенство во Унгарија и Словачка сега е тешка мисија за македонската репрезентација. Поразот од Словенија драстично ги намалува нашите опции за пат за Будимпешта, бидејќи в понеделник во оваа група ни следи дуел со Данска, која се вбројува меѓу најголемите фаворити на турнирот.

Сепак, оваа подмладена Македонија освои многу симпатии и играјќи без најискусните Лазаров, Митревски и Манасков им парираше на Словенците. 

Еден од најдобрите синоќа, голманот на Вардар 1961 Мартин Томовски рече:

„Загубивме, но имаше многу позитивни моменти. Игравме побрзо и поубедливо. Одбраната беше на едно повисоко ниво. Едноставно некои моменти на невнимание нè чинеа пораз.

Денес е нов ден и ќе се обидеме да ги коригираме сите наши грешки и недостатоци. Верувам дека ќе искористеме што можеме да се радуваме на победа против Црна Гора. Не би се издвоиил јас како заслужен. Одбраната со блоковите и добрата анализа многу ми помогнаа. Очекувавме од каде доаѓаат словенечките шутеви и едноставно бевме спремни на овој предизвик“.

Македонија веќе во мислите ја има Црна Гора, селекција со која ќе игра утре попладне од 18:00 часот. Кога последен пат се сретнавме со оваа репрезентација, пред четири години во Загреб, издвојувавме победа.