• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше нова одлична партија во Бундеслигата која не успеа да ја круниса со победа, овој пат против силниот Кил.
Мечот меѓу Потсдам и Кил заврши со резултат 22-25 за „зебрите“, а македонскиот голман меѓу стативите фати 13 топки и заврши со успешност од 35%
На спротивната страна блескаше неговиот колега Андреас Волф, кој забележа 20 одбрани во дресот на Кил.
До крајот на Бундеслигата, Потсдам го чекаат уште пет натпревари. Мартин Томовски по крајот на сезоната ќе бара нов клуб.
ФОТО: 1. VfL Potsdam 1990 e.V.