• Мартин Танасковски

Мартин Томовски беше одличен на голот на Вардар 1961 во победата над Еурофарм Пелистер 2 (24-28) и по натпреварот говореше за триумфот над младите битолчани кои беа дебитанти на завршницата.
„Би сакал да им се заблагодарам на фер и коркетната игра на ракометарите на Еурофарм Пелистер 2. Посакувавме да играме финале и среќни сме што успеавме во тоа. Сега го чекаме подобриот од дуелот на Еурофарм Пелистер и Бутел и нормално сакаме да се радуваме на нова титула во Купот. Сега мислиме само на финалето, потоа ќе дадеме се од себе да ги добиеме останатите натпревари во плеј-офот и да се радуваме на крајот“, изјави Томовски по средбата.
Вардар 1961 во финалето ќе се соочи со подобриот од натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел Скопје кој во салата „Јасмин“ стартува од 20:00 часот.