Томовски: Кил не беше перфектен, но нашите грешки беа казнети

Мартин Томовски продолжи да игра одлично за Вардар 1961. Чуварот на мрежата беше двоцифрен против Кил, но немаше шанси да се радува на победата (32-30). По средбата во Германија, македонскиот репрезентативец ги сподели импресиите на прес-конференцијата.

„Одигравме еден доста тежок натпревар, можеби Кил беше не така перфектен, но нашите грешки беа казнети. Токму затоа загубивме. Мора да се фокусираме на нашата игра во следниот период и да одиме понатаму. Сакам да му посакам на Кил се најдобро во следните натпревари“, изјави Томовски.

Вардар 1961 со шест порази во низа останува во долниот дел на табелата. Следниот натпревар е за седум дена против ППД Загреб на гостински терен.