Томовски ја „спушти завесата“, Битигхајм започна со победа во Бундеслигата!

Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски одлично ја отвори новата сезона во Германија и беше меѓу најдобрите поединци во победата на Битигхајм кај Вецлар (35-33). 

Одличниот Томовски со својот тим славеше на гостувањето кај Вецлар, а македонскиот голман одигра клучна улога во триумфот и беше еден од најзаслужните за освоените два бода на повратникот во елитата.

Томовски забележа дури 15 интервенции, со 31 отсто успешност. Во нападот на Битигхајм најефикасен беше Ларсон со девет погодоци, додека Херман постигна пет гола.