ВИДЕО: Талески не погоди за победа против Томовски, Пешевски и Штутгарт загубија кај РНЛ

Во средбата од 14 коло од германската Бундесига, Филип Талески и Балинген одиграа нерешено на домашен терен со Лудвигсхафен на Мартин Томовски (25-25). Гостинската екипа го изненади фаворитот во натпревар во кој што имаше константна предност. Сепак, во неизвесна завршница екипите ги поделија бодовите. 

Лудвигсхафен водеше од првата минута, а Балинген во неколку наврати доаѓаше само до нерешен резултат. Нашите репрезентативци добија шанса за настап на меѓусебниот дуел. Филип Талески четири пати ја тресеше противничката мрежа од двојно повеќе обиди.

Од друга страна Томовски беше на голот на својот тим 21 минута и забележа четири интервенции. Интересно е тоа што колегата на голот на Лудвигсхафен, бранеше 38 минути и забележа една интервенција помалку од нашиот голман. Најпрецизен играч на средбата беше Гретарсон од Балинген со девет голови, додека Милер од Лудвигсхафен погоди седум пати. Филип Талески имаше можност да погоди за победа по истекот на 60 минути, но ударот беше спречен од противничкиот голман. 

  • Последниот удар на Талески:

Рајн Некар Левен славеше на домашниот дуел против Штутгарт со 33-32. До таа победа фаворитот дојде потешко од очекуваното. Во првите 30 минути се играше рамноправно, а водството се менуваше. Сепак, искуството и квалитетот на Рајн Некар дојдоа до израз на почетокот на вториот дел. Гостите го презедоа водството и го држеа до крајот, на моменти тоа изнесуваше четири голови разлика. До крајот екипата во која што игра Пешевски стигна до еден гол негатива, но немаше сили да дојде до цел плен. 

Најефикасен играч на натпреварот беше Андре Шмид од Рајн Некар Левен со десет погодоци, додека осум постигна Колбахер. Жарко Пешевски постигна три гола од исто толку обиди за својот тим.