Томовски и Лудвигсхафен во финишот се спасија од неочекуван кикс кај Есен

Малку фалеше големите победи над Хановер и Балинген да потонат во вода. Тимот на Лудвигсхафен беше на раб на пораз против отпишаниот Есен, но сепак во самиот финиш најде начин како да излези од кризата и со минимални 27-29 (16-13) останува во живот за опстанок во Бундеслигата. 

Мартин Томовски и неговите соиграчи далеку под своето ниво го отворија натпреварот и домаќинот го казни тоа и на полувреме замина со заслужена предност од 16-13. 

Есен одлично го стартуваше и вториот дел и ја чуваше позитивата, но во клучните моменти кога се кршеше резултатот Лудвигсхафен одигра квалитетно и ефикасно и на крај славеше огромна победа од 27-29.

Македонскиот репрезентативец голот на својот тим го бранеше триесет минути, во кои забележа само четири успешни интервенции, колку што имаше и неговиот колега Шкоф.