Томовски го напушта Вардар и се враќа во најсилната лига на светот!

Македонскиот ракометен репрезентативец, Мартин Томовски го завршува својот престој во третиот македонски клуб за кого настапувал во кариерата и се враќа во Бундеслигата. Членот на Вардар по крајот на сезоната ќе има нов предизвик и одново ќе игра во најсилната лига на светот. 

Негов нов клуб ќе биде Потсдам, кој оваа сезона обезбеди промоција во германската елита. Томовски не го криеше задоволството што повторно ќе брани во Бундеслигата

„Со нетрпение очекувам да заиграм за Постдам и во најсилната светска лига по вторпат. Сега сум поискусен, постар и подобар отколку претходно кога бев првиот пат во Германија. Големо задоволство е да се биде дел од Постдам, тим кој е составен од млади и квалитетни ракометари. Можам да ветам дека ќе дадам сè од себе да ги оствариме сите амбиции и цели заедно со тимот“, вели Томовски

Томовски во Потсдам доаѓа како замена за првиот чувар на мрежата оваа сезона, Ласе, кој го напушта клубот.

„Ласе ќе остави голема празнина. Но, верувам дека Мартин Томовски ќе успее да ја затвори. Добро е да се донесе меѓународно искусен голман во Потсдам“, рече тренерот Боб Ханинг.

Томовски во својата кариера ги бранеше боите на Пролет, Металург и Вардар во Македонија и на Лудвигсхафен во Германија.