Томовски ги збудале „зебрите“, му фати четири пенали на големиот Кил! 

Екипата на Лудвигсхафен одигра одлична партија на гостувањето кај Кил, во рамки од третото коло на Бундеслигата. 

Тимот кој од ова лето е посилен со нашиот репрезентативен голман Мартин Томовски, машки се држеше со големиот фаворит, но на крајот немаше сили за сензација и во „Шпаркасен Арена“ загуби со само три гола разлика, 27-30. 

За разлика од претходните натпревари, македонскиот чувар на мрежата имаше помала минутажа, но пружената шанса ја користеше на фантастичен начин и зад своето име запиша четири одбрани, и тоа сите од седмерец на противникот. 

Првата интервенција за забележа кон средината на првиот дел при резултат 7-7, додека последната беше кон финишот од мечот при резултат 21-20 за Кил.  

Во следното коло Лудвигсхафен и Томовски ги чека нов тежок дуел против тимот на Лајпциг.