Томовски фати шест топки, Потсдам го шокира Хановер

Екипата на Потсдам гледа кон испаѓање од Бундеслигата, но и тоа не е пречка да игра достојно до крајот. Фенерџијата славеше во дуелот со Хановер (27-26) кој се бори за место во еврокуповите и сега е под опасност да ја изгуби својата позиција.

Македонскиот голман Мартин Томовски ротираше со своите колеги, а на овој натпревар фати шест топки од вкупно 13 шута кон неговиот гол. Најдобар стрелец кај победникот беше Клајн со шест гола, Кофлер погоди пет пати, додека кај Хановер, Штајнхаузер даде осум гола.

До крајот на Бундеслигата има уште три кола. Неизвесна е и трката за шампионската титула за која играат Магдебург, Фуксе Берлин и Мелсунген.