Томовски фати една топка, Потсдам без победа и по 18 кола во Бундес

Македонскиот интернационалец Мартин Томовски и неговиот Потсдам гледаат кон преселба во понизок ранг. Тимот загуби на гости кај Лајпциг (19-32) и остана без успех во елитното друштво каде е новајлија.

Потсдам нема победа по 18 одиграни кола во Бундеслигата. Во моментов тимот е далеку од опастанок затоа што првиот тим од безбедната зона има осум бода. Во текот на целата средба, фаворитот Лајпциг водеше на мечот.

Томовски тргна на голот, а забележа една одбрана од вкупно 12 шута кон неговиот гол. Неговиот колега Марк Ферјан фати осум топки. Најдобар стрелец на мечот беше Лукас Биндер од Лајпциг со девет гола, а кај Потсдам, Дастин Краус имаше пет гола.

Во следното бундеслигашот коло Потсдам и Томовски играат со силниот Магдебург.