Томовски доби пофалби од тренерот: Против РНЛ докажа дека е одлично засилување

Мартин Томовски

Екипата на Еулен Лудвигсхафен, каде од оваа сезона настапува голманот Мартин Томовски, ја започна новата сезона во Бундеслигата со домашен пораз од Рајн Некар Левен.

Македонскиот репрезентативец имаше можност да се докаже и ги задоволи очекувањата на тренерот Бен Матчке.

„Им благодарам на навивачите за поддршката. Имавме мали периоди и неколку технички грешки кои го одлучија натпреварот. Ова беше меч од кој што многу научивме и ќе искористиме голем број позитивни работи во иднина.

Мартин Томовски и Доминик Мапес се одлични аквизиции и тоа го докажаа денес. Очекувам истото да го направат и останатите новајлии и млади ракометари“, рече предводникот на Лудвигсхафен.

Дебито на бундеслигашките терени за нашиот репрезентативен голман донесе три интервенции.