Томовски блесна во финишот, Лудвисхавен до реми со Бергишер

Македонскиот голман Мартин Томовски и неговиот Лудвигсхафен не успеаја да победат во Бундеслигата и како домаќини одиграа реми со Бергишер (27-27).

Иако речиси цел натпревар беа во негатива, ракометарите на Лудвисхафен се вратија во натпреварот благодарнеие на нашиот репрезентативен голман. Томовски блесна во финишот, забележа пет одбрани во последните шест минути и го врати својот тим од бездната.

Томовски натпреварот го заврши со осум одбрани, а најдобар играч беше Доминик Мапес со пет гола. Кај Бергишер, Бумховер заврши со осум погодока.

На останатите натпреари Кил убедливо го совлада Мелсунген (38-26), додека Хановер беше за еден гол подобар од Нордхорн (30-29).