Томовски блескаше со германскиот шампион, му фати 16 топки

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски продолжува да блеска во најсилното ракометно првенство во светот и уште еднаш потврди зошто е еден од најдобрите чувари на мрежата во Бундеслигата.

На гостувањето кај актуелниот германски шампион Магдебург, Томовски имаше извонреден настап и запиша дури 16 одбрани, со што беше најистакнатиот поединец во редовите на Битигхајм.

И покрај одличната партија на македонскиот голман кој меѓу стативите беше скоро цел натпревар, односно 58 минути, неговиот тим не успеа да избегне пораз на тешкото гостување, па Магдебург славеше со 33-24.

Томовски натпреварот го заврши со 33 проценти успешност на одбрани.