• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше ново блескаво издание на личен план во Бундеслигата, кое Потсдам не го награди со победа.
Фенерџијата во германската елита го загуби мечот со Рајн Некар Левен (29-26), иако во финишот имаше предност од три гола (21-24). „Лавовите“ од Манхајм направија серија од 8-1 на крајот и така славеа во мечот.
Мартин Томовски натпреварот го заврши со 12 одбрани и ефикасност од 34,3%. Најдобар стрелец кај РНЛ беше Јон Андерсен со десет гола, додека кај Потсдам, Јосип Симиќ погоди пет пати.
До крајот на Бундеслигата, Потсдам го чекаат уште шест натпревари. Мартин Томовски по крајот на сезоната ќе бара нов клуб.