Иако во јавноста кружеа имињата на Звонко Шундовски, Александар Зарков, Андон Бошковски, сепак ниту еден од нив нема да биде предводник на Пелистер. Нов тренер на битолскиот клуб ќе биде Томе Петрески, кој ја доби довербата од раководството на клубот.
По оставката на Борче Марковски, откако Пелистер загуби убедливо од градскиот ривал Еурофарм Работник, раководството на „зелените“ беше во потрага по негов наследник, а изборот падна на прилепчанецот, кој беше на печалба во Мароко. Таму имаше одлични резултати со тимот на Молудиа, го однесе во плеј-оф, но се враќа во Македонија.
Екипата на Молудиа беше прво тренерско искуство на Петрески надвор од Европа, додека на стариот континет досега бил предводник на француските Оријак, Ла Роче и Реикс, а една сезона беше и на чело на косовска Беса Каваја. Последен ангажман во македонскиот ракомет му беше во тимот на Прилеп, а претходно една сезона го водеше и Пелистер, што значи дека се враќа во некогашниот клуб.
Пелистер сезонава загуби само два меча во регуларниот дел од сезоната, од Радовиш и од Еурофарм Работник, но вториот пораз од градскиот ривал во плеј-офот, беше причина по вторпат да дојде до смена на кормилото.