
Шпанскиот ветеран во дресот на Барселона, Виктор Томас, постигна седум гола во победата над Алборг и стигна до уште едно големо достигнување во кариерата.
Капитенот на Каталонците ја надмина бројката од 700 погодоци во Лигата на шампионите и застана на чекор од ТОП 10 местата на вечната листа голгетери. 34-годишникот сега има 701 реализација и заостанува 24 погодоци зад Словенецот Вид Кавтичник (725).
El gol a Europa porta el nom de @VictorTomas8 !!
...
Enhorabona capità! Segueix sumant!!
@ehfcl pic.twitter.com/fCAATgM7DH
— Barça Handbol (@FCBhandbol) November 10, 2019
На врвот неприкосновен е нашиот Кирил Лазаров кој во кариерата постигнал 1.306 гола. Рекордното достигнување го оствари носејќи ги дресовите на Пелистер, Веспрем, Загреб, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант.
Зад него за нешто помалку од 300 погодоци заостанува Никола Карабатиќ (1.038), а Момир Илиќ е третиот ракометар во историјата кој ја раситнал „илјадарката“ (1.033).