Толку од приказната за Штербик: Коралес се враќа на голот на Шпанија против Бразил

Шпанскиот селектор Жорди Рибера направи една промена во пресрет на денешниот меч против Бразил.

Тој се одлучи за рокада на голманската позиција и на местото на Арпад Штербик, го стави Родриго Коралес. Тие ги заменија местата пред да започне главната фаза на Мундијалот во Данска и Германија, а не е откриено на јавноста зошто шпанската селекција се одлучи за оваа промена.

Поразот од Франција на претходниот натпревар значи дека Шпанците ги загубија сите шанси за пласман во полуфиналето.

Очекувањата кај „црвената фурија“ во пресрет на Светското првенство беа високи. Ракометарите на Рибера се надеваа на обединување на европската и светската круна, но лошото издание во првиот меч од втората групна фаза не им овозможи исполнување на желбата.