Толедо: Немам никаква понуда од Вардар, но налето сум слободен

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Во ракометните кулоари веќе неколку недели се зборува за интересот на СЕХА-шампионот, Вардар, за бразилскиот интернационалец Хозе Толедо.

Откако денес постигна три гола во сензационалната победа на „кариоките“ против Хрватска, таинствениот Толедо не сакаше да открие ништо за својата индина, но потврди дека му завршува договорот со Висла Плок и налето е слободен.

„Од јуни, по завршувањето на тековната сезона, ќе бидам слободен играч, но не сум добил никаква понуда од Вардар. Фокусиран сум на Светското првенство, потоа ќе размислувам за клупската кариера“, краток беше Толедо.

Ако Бразил утре ја победи Шпанија, која ја води поранешниот селектор на „кариоките“ Жорди Рибера, тогаш може да се надева на најдобар пласман во историјата на Светките првенства.