Толедо: Не очекував ваков расплет, ќе се вратам посилен!

Бразилскиот бек Хозе Гиљермо Де Толедо е најголемото засилување на Вардар пред стартот на новата сезона, но тој ќе мора да пропушти неколку меча затоа што направи операција за да санира стара повреда.

Де Толедо го оперираше коленото и менискусот, па почна да ги прави редовните прегледи. Дојде на првиот контролен преглед кај д-р Михајло Ивановски. Бразилскиот репрезентативец вели дека се чувствува одлично и дека чека што поскоро да се врати на терените.

„Не очекував сезоната да ми почне со операција, но ветувам дека ќе се вратам на терените уште посилен. Д-р Ивановски одлично си ја заврши работата, сега останува да одбројуваме до следниот натпревар. Благодарам на целиот тим што се грижеше за мене“, изјави Толедо.

Низ рацете на тимот доктори од Одделот за ортопедија и трауматологија во „Аџибадем Систина“ поминале многу врвни спортисти, меѓу кои и поголем дел од ракометарите на европскиот шампион. Д-р Ивановски вели дека е задоволен како се одвива заздравувањето по операцијата