Толедо доби друштво на бековската линија, Баја Маре го доведе Араухо

Хосе Толедо, поранешниот член на Вардар, не е единственото звучно засилување за екипата на Баја Маре.

Во Романија големо внимание предизвика трансферот на левиот бек од екипата на Спортинг од Лисабон, Едмилсон Араухо. Тој има 26 години и доаѓа како одлична аквизиција за нападот на романскиот прволигаш.

Португалскиот репрезентативец има искуство во Лигата на шампионите и сигурно ќе придонесе во исполнување на амбициите на клубот во сезоната 2020/21.

Новото засилувања на Баја Маре е производ на школата на Спортинг. Во 2017 и 2018 година го освои првенството во Португалија, а пред три години се радуваше и на Челинџ Купот.