Тодоровска промени клуб во Романија, се пресели во ЦСМ Слатина

Македонската репрезентативка Ангела Тодоровска ја промени средината, но ќе остане да игра ракомет во Романија.

Тодоровска, која има 22 години, изминатата сезона беше дел од романски Динамо Букурешт. Ова лето реши да прави промена, па потпиша договор до крајот на сезоната со нов романски клуб. Се работи за ЦСМ Слатина,

Левиот бек во минатото беш дел и од Вардар Јуниор, со кого имаше настапи во Челинџ Купот и ЕХФ Купот.