Македонскиот, а и сè уште актуелниот европски шампион Вардар, е пред нова битка во ракометната елита на стариот континент. Во досега невообичаена ситуација, пред празни трибини во салата „Јане Сандански“, вечерва гостува полскиот шампион и добро познатиот противник на вардарци, Киелце.